Оваа лекција ќе ја проследите преку едукативната платформа Едуино:
https://www.youtube.com/watch?v=I_Ns8Sb7bSk&feature=youtu.be
Активност 1: На крајот на видеото имате зададено задача за истражување. Следете ги насоките што се бара и направете истражување за диносаурусите.
Активност 2: Информации за "луѓето" познати како Хобит (Homo floresiensis):
· Остатоци од мали луѓе беа
откриени во 2003 на островот Флорес во Индонезија.
· Научениците мислат дека Homo floresiensis е можен човеков вид, сега изумрен.
· Беа обноовени делумни скелети
од девет поединци, вклучувајќи еден целосен череп.
· На длабочина која
соодветствува на период пред 38.000 години, беше најден заб од ‘хобит’ заедно со заб од мамут како и камени алати и коски од змии.
· Коски од раце беа најдени на
длабочина која одговара на период од пред 76.000 години што укажува на тоа дека
тие имале висина на тригодишно дете, тежеле околу 25 килограми и имале мозок
помал од повеќето шимпанза.
· На истата длабочина,
палеонтолозите нашле коски од мамут со засеци во нив, изгорени черепи од
глодари, рибини коски и камени алатки.
Проучете ги дадените информации и одговорете на следните прашања:
-Каков вид храна јаделе "хобитите"? Зошто?
-Колку долго "хобитите"живееле на островот Флорес?
-Кои алатки ги користеле "хобитите"?
-Што би можело да го предизвика истребувањето на "хобитите"?
-Што користеле "хобитите" како засолниште?
-Кои докази недостасуваат? Зошто?
-Колку сте сигурни за вашите објаснувања? Зошто?