1.Зошто не може да се најде риба во пустина?
2.Зошто не може да се најде дабово дрво во пустина?
3.Што живее во пустина? Зошто преживуваат овие организми?
Откако ќе ги одговорите прашањата објаснете го следново: Имате пример 1 пустинско животно камила, опишете ги карактеристиките кои ја прават добро адаптирана во нејзиното живеалиште.
Имате пример 2 пустинско растение кактус, опишете кои карактеристики му помагаат за да преживее во пустинскиот екосистем. Објаснете на кој начин се разликува кактусот од дабовото дрво?
Активност 2: Изработка на презентација (приказ) на едно растение и едно животно во одреден екосистем.
Изработката на екосистеми направете ја по ваш избор со по еден пример за растение и животно од дадените или по ваш избор во различен екосистем:
Растение: алга, воден лилјан, воден крин, водно лутиче и други.
Животни: пастрмка, јагула, поларна мечка , волк, пустинска лисица, камелеон и други.
При изработка на избраниот екосистем за едно растение и едно животно треба да содржи најмалку:
- еден предаторски организам
- еден плен
- растение кое е извор на храна за пленот
Презентацијата може да биде изработена во каков било формат: приказ на лист хартија, цртеж, електронска презентација, слики и текст и сл. Користете ја својата креативност.
No comments:
Post a Comment