Живите организми можеме да ги групираме врз основа на:
-големина
-начин на исхрана
-место на живеење
-начин на движење
-градбата на клетка
-број на клетки од кои се изградени итн.
Системот на групирање на живите организми во 19 век го дал научникот Карл Лине. Хиерархиската класификација која и денес се користи е во 7 нивоа:
Царство----Тип------Класа-----Ред-----Фамилија-----Род------Вид
Најниското групирање е вид, а понатаму се оди постапно кон поголемите групирања се до царство.
Денес живите организми се поделени во 5 Царства:
1. Царство на монери (бактерии)
2. Царство на протисти
3. Царство на габи
4. Царство на растенија
5. Царство на животни
Царство на монери - бактерии
Тие се микроскопски, немаат вистинско јадро. Некои од нив се произведувачи (вршат фотосинтеза), а некои користат готова храна.
Предизвикуваат разни болести, но некои од нив се и корисни.
Царство на протисти- алги и праживотни
Праживотните (амеба,парамециум,еуглена) се едноклеточни оргазними и може да се видат под микроскоп. Во клетките имаат различни органели: јадро, вакуола за варење, вакуола за излачување и сл.
Алгите содржат хлорофил и вршат фотосинтеза, според оваа карактеристика личат на растенијата. Може да се најдат во разни бои (зелени, златно-жолти, црвени и кафеави) , живеат во разни водни површини.
Царство на габи
Габите се исхрануваат со готова органска храна и според исхраната спаѓаат во разградувачи. Во оваа група спаѓаат: печурки, мувли и квасец.Габите се неподвижно прицврстени за земјата и без хлорофил. Најголема група претставуваат почвените габи, други се паразити на животните или растенијата, трети се наоѓаат на органските отпадоци, производи, стакло и др.
Царство на растенија
Ова царство го сочинуваат сите видови на растенија: дрва, трева, цвеќиња и сл. Тие се карактеризираат со тоа што сами си создаваат храна преку фотосинтеза, со помош на светлина и вода. Бидејќи нив им се потребни само одредени услови, тие може да растат насекаде. Поделени се на : бессемени и семени растенија.
Царство на животни
Животните се повеќеклеточни организми кои се исхрануваат со готова храна-потрошувачи.
Живеат во сите животни средини- вода, копно и воздух. Според исхраната може да бидат тревојади, месојади и сештојади. Главно се поделени во две групи: без'рбетници и рбетници.
https://www.youtube.com/watch?v=ITjqf5CWJJo
Активности кои треба да се сработат:
Активност 1: Подолу на сликите се дадени примери од загрозени животни и растенија во Македонија. Ваша задача е на секој вид поединечно да одредите во кое царство и класа припаѓа. Со помош на дадените слики и видови, како и со групирањето во царство и класа од ваша страна да се изработи постер презентација (може електронски или на лист А4 формат).
Salmo letnica (охридска пастрмка) Lynx lynx martioni ( балкански рис)
Vipera ursinii (Остроглава шарка)
Rupicaprarupicapra balcanica ( балканска дивокоза)
Emys orbicularis (домашна езерска желка) Gyps fulvus (белоглав мршојадец)
Pinus peace (молика) Ramonda nathaliae ( виолетов цвет феникс)
Активност 2: Интересен начин за да се запомни класиикацијата Царство-Тип-Класа-Ред-Фамилија-Род-Вид. Со користење на првите букви од секоја група да се состави реченица.
Првите букви се: Ц, Т, К, Р, Ф, Р, В.
На пример: Црвениот трактор како ракета фрлаше распрскана вода.
No comments:
Post a Comment