Wednesday, June 10, 2020

Tuesday, June 2, 2020

Понови проценки за старост на Земјата! - 8 одделение

Оваа лекција ќе ја проследите на линкот од едукативната платформа Едуино:

https://www.youtube.com/watch?v=qiyEgeq40YU&feature=youtu.be


Внимателно проследете ја лекцијата и запомнете ги методите и начините кои се дадени во видеото за одредување на староста на Земјата.

Активност: Ваша задача е да направите повеќе истражување за методите за одредување на староста на Земјата, како и да пронајдете информации за C -14 часовник ( за што и како се користи) и да изработите презенатција. Изработката на презентациите може да биде во следниве форми: компјутерска, видео, постер, цртеж и слично. Искористете ја креативноста и идеите и изработете ја презентацијата, бидејќи заедно со претходно изработените активности ќе влијае на крајната оцена.


Изработките да се испратат најдоцна до 10.06.2020.

Како луѓето го загадуваат воздухот? Одржливо живеење - 7 одделение

Најпрво проследете ги видеата за двете лекции на линковите од едукативанта платформа Едуино:

https://www.youtube.com/watch?v=ayjsNdXyu7s&feature=youtu.be
https://www.youtube.com/watch?v=Kc2tcnC3T1c&feature=youtu.be


Активност: Ваша задача е да изработите презентација на тема: Како луѓето влијаат врз загадувањето на животната средина. Презентацијата треба да го содржи следново:

- Начини на кои човекот ја загадува природата
- Создавање на кисели дождови и нивниот ефект во природата
- Оштетување на озонска обвивка
- Ефект на стаклена градина

Презентациите може да се изработат во следниве форми: компјутерска презентација,видео, постер, цртеж и слично. Оваа активност е последна задача која заедно со претодно изработените ќе влијае на крајната оцена. Бидете креативни при изработката на презентацијата.

Изработките да се испратат најдоцна до 10.06.2020.

Активност: Изработка на презентација за Чарлс Дарвин! - 9 одделение

Активност: Да се изработи презентација за Чарлс Дарвин (неговите откритија, неговата теорија за природна селекција и историските идеи за еволуција).

Некои насоки по кои може да се водите при изработка на презентацијата:

-Кога живеело лицето
-Каде живеело лицето
-Прашања кои тој ги поставувал за варијацијата помеѓу видовите
-Докази кои ги користел за да ја објасни варијацијата помеѓу видовите
-Негово објаснување за варијации помеѓу видовите

Презентацијата може да се изработи во следниве форми: комјутерска презентација, видео, постер, цртеж и слично. Искористете ја вашата идеја и креативност, бидејќи ова е последна активност која заедно со претходните ќе влијае на крајната оцена.

Изработките да се испратат најдоцна до 10.06.2020.

Friday, May 29, 2020

Ископување на фосили - 8 одделение

Во претходните лекции научивме што се фосили, како се формираат и за фосилни записи.
Палеонтолози се научници кои преку ископување ги проучуваат животните и растенијата од геолошко време.

Ваша задача ќе биде да напишете дневник од еден ден од животот на еден "палеонтолог".
Во дневникот треба  да ги одговорите и да се водите по  следните прашања:


Каде одат за да најдат фосили?
Колку треба да бидат внимателни?
Колку време е потребно?
Каква опрема им е потребна?
Што прават кога одат во потрага по фосили?


Дневникот треба да биде изработен во електронска форма по ваш избор и да ја искористите и вашата креативност, а како насока да ги искористите дадените прашања.

Извори на енергија - 7 одделение

На следниот линк внимателно проследете ја лекцијата:

https://www.youtube.com/watch?v=-Z2m4vNXYvY&feature=youtu.be

Активност 1:Во тетратките направете план според следните прашања:

1.Што овозможува енергијата?
2.Какви може да бидат изворите на енергија?
3.Кои се необновливи извори на енергија?
4.На кој начин се формираат јаглен, нафта и природен гас? Објасни.
5.Кои се обновливи извори на енергија?
6.За што му се важни изворите на енергија на човекот?

Активност 2: На крајот на видеото имате зададено домашна работа. Внимателно проследете ги насоките и изработете ја.

Monday, May 18, 2020

Фосилни записи! - 8 одделение

Оваа лекција ќе ја проследите преку едукативната платформа Едуино:

https://www.youtube.com/watch?v=I_Ns8Sb7bSk&feature=youtu.be

Активност 1: На крајот на видеото имате зададено задача за истражување. Следете ги насоките што се бара и направете истражување за диносаурусите.

Активност 2: Информации за "луѓето" познати како Хобит (Homo floresiensis):


·     Остатоци од мали луѓе беа откриени во 2003 на островот Флорес во Индонезија.
·   Научениците мислат дека Homo floresiensis е можен човеков вид, сега изумрен.
·  Беа обноовени делумни скелети од девет поединци, вклучувајќи еден целосен череп.
·   На длабочина која соодветствува на период пред 38.000 години, беше најден заб од хобит заедно со заб од мамут како и камени алати и коски од змии.
·   Коски од раце беа најдени на длабочина која одговара на период од пред 76.000 години што укажува на тоа дека тие имале висина на тригодишно дете, тежеле околу 25 килограми и имале мозок помал од повеќето шимпанза.

·    На истата длабочина, палеонтолозите нашле коски од мамут со засеци во нив, изгорени черепи од глодари, рибини коски и камени алатки.

Проучете ги  дадените информации и одговорете на следните прашања:

-Каков вид храна јаделе "хобитите"? Зошто?
-Колку долго "хобитите"живееле на островот Флорес?
-Кои алатки ги користеле "хобитите"?
-Што би можело да го предизвика истребувањето на "хобитите"?
-Што користеле "хобитите" како засолниште?  
-Кои докази недостасуваат? Зошто?
-Колку сте сигурни за вашите објаснувања? Зошто?








Синџири на исхрана, мрежи на исхрана и пренос на енергија! - 7 одделение

Лекцијата ќе ја проследите преку линкот од едукативната платформа Едуино:

https://www.youtube.com/watch?v=zzEXGqkvXq8&feature=youtu.be

Активност 1: Внимателно проследете го видеото и направете план во тетратките според следните прашања:
- Што е синџир на исхрана?
-Што претставува мрежа на исхрана?
-Со што започнува еден синџир на исхрана и со што продолжува?
-Како се пренесува енергијата во синџирот и мрежата на исхрана?
-Напишете еден синџир на исхрана од најмалку 4 члена.

Активност 2: На крајот на лекцијата дадена ви е домашна активност која треба да ја изработите во тетратките според дадените насоки.

Активност 3: На дадениот линк изработете симулација на мрежа на исхрана и испратете ми  :
  Помош-кога ќе влезете на линкот кликнете на Food Web Game и почнете со работа.

http://d3tt741pwxqwm0.cloudfront.net/WGBH/conv16/conv16-int-oceanfoodweb/index.html

На дадениот линк изиграјте ја играта со мрежа на исхрана и пратете ми го постигнатиот резултат:

https://www.brainpop.com/games/foodfight/

Sunday, May 17, 2020

Наследување на карактеристики! Монохибридно наследување во генетиката! - 9 одделение

Овие лекции ќе ги проследите преку дадените линкови од едукативната платформа Едуино:

https://www.youtube.com/watch?v=74d4WPBvQ7M&feature=youtu.be
https://www.youtube.com/watch?v=chDBMe5js44&feature=youtu.be

Активност 1: Внимателно проследете ги лекциите и во тетратките направете план со најважните поими.

Активност 2: Во второто видео за лекцијата Монохибридно наследување во генетиката на крајот од видеото имате вежба, следете ги насоките и изработете ја вежбата во тетратка.

Активност 3: Работен лист Твоите наследни карактеристики :
На сликите се дадени шест наследни карактеристики кај луѓето, во тетратката нацртајте и препишете го текстот и одговорете го прашањето за секоја карактеристика.




Sunday, May 3, 2020

Фосили! - 8 одделение

Со лекцијата за Фосили започнуваме нова тема: Запис во карпите.
Оваа лекција ќе ја проследите на линкот од едукативната платформа Едуино:


Активност 1: Внимателно проследете ја лекцијата на дадениот линк и одговорете на следните прашања: 
-Што претставуваат фосили?
-Како се формираат фосилите?
-Што покажуваат фосилите?
Преку одговорите на овие прашања составете го планот за оваа лекција.

Активност 2: На дадените фотографии имате различни примери од фосили (растенија или животни). Вие треба да препознаете за кој фосил станува збор и да запишете што мислите како се формирал секој од нив поединечно (како помош користете го објаснувањето од лекцијата за начинот на кој се формираат фосилите).







Дополнителни линкови за фосили кои може да ги користите: