Преку 90% од видовите се без'рбетници. Во оваа група спаѓаат:
- Сунѓери
- Копривкари (мешести организми)
- Црви
- Мекотели
- Иглокожи
- Членконоги
- Пајаковидни животни
Сунѓери - се наједноставно градени многуклеточни животни. Водат прикрепен начин на живот, на дното од морињата или слатките води. Телото им е изградено од надворешен слој (ектодерм) и внатрешен слој (ендодерм). Тие се просто градени организми (без ткива и органи).
Копривкари (мешести организми) - имаат пехареста форма и зрачно поставени пипала околу устата. Тие се посложени животни кои се изградени од ткива (епително, мускулно и сетилно).
Во оваа група познати се околу 9 илјади претставници, од кои најпознати се: медузите и коралите.
Црви - имаат тенко, издолжено и меко тело, покриено со еднослоен епител, а заштитено со кутикула. Под кутикулата има мускулно ткиво со чија помош се движи. Потоа следува телесна празнина во која се сместени органите.
Најпознати групи на црви се: прстенести (дождовен црв) и плочести (планарија и тении).
Мекотели - имаат меко и нежно тело по што го добиле своето име. Телото им е поделено на три дела : глава (уста и сетилни органи), труп (внатрешни органи) и стапало (орган за движење) Познати претставници се: полжави , школки и главоноги(октопод).
Иглокожи - се морски животни. Телото им е покриено со тенка кожичка, под која се наоѓа варовнички скелет преку кој на површината на телото излегуваат иглички. Поради игличките оваа класа го добила и името иглокожи. Се движат со помош игличките (боцките) и со таканаречени амбулакларни ноџиња (водни ноџиња).
Познати претставници се: морски еж и морска ѕвезда.
Членконоги - името го добиле според телото кое им е членковидно. Нозете им се составено од членчиња кои се зглобно поврзани, на тој начин се движат. Телото им е заштитено со тенка обвивка наречена хитин. Претставници на членконогите се ракови и инсекти.
Пајаковидни животни - во оваа група спаѓаат: пајаци, крлежи и шкорпии.
Пајаците живеат во станбени простори, крлежите паразитираат во животните и шкорпиите во сушни предели.
Некои од нив се и отровни. Најпознат отровен пајак е тарантула.
No comments:
Post a Comment