Почва претставува површински слој на Земјината кора.
Почвата содржи мешавина од органска материја (изумрени растенија и животни) и искршени парчиња од карпи и минерали, а исто така и вода и воздух.
Како е создадена почвата?
Почвата е формирана низ долг период на времето под дејство на многу фактори. Може да е потребно и илјада години за да се создаде само 2,5 сантиметри на почва. Покрај времето, други фактори кои помагаат да се формира почвата се:
- Живите организми-како што се растенијата, габите, животните и бактериите.
- Топографија-ова го сочинува релјефот или наклон на површината на земјиштето каде се формира почвата.
- Климата - целосно климата и временските услови.
- Основниот материјал - го сочинуваат минерали и карпи кои полека се распаѓаат и формираат почва.
Често почвата се опишува како нечистотија, нешто од што сакаме да се ослободиме.Меѓутоа почвата игра многу важна улога во одржување на животот на Земјата.
- Растенија - на растенијата им е потребна почвата како за растење, така и за потпора.
- Атмосфера - почвата влијае на атмосферата преку испуштањето на гасови како што е јаглерод диоксид во воздуот.
- Живи органзими - многу животни, габи и бактерии живеат во почвата.
- Вода - почвата помага во филтрирање и прочистување на водата.
Почвата може да се опише преку користење на неколку карактеристики како што се текстура, структура, густина, температура, боја, конзистентност и порозност (пропустливост). Едно од поважните својства на почвата е нејзината текстурата. Преку текстурата може да се одреди дали почвата е во вид на песок, глина или тиња.
Активност за дома
Земете неколку примероци од почва која може да ја најдете во вашата близина (околу зграда, тротоар, двор..). Ставете ја на лист хартија, набљудувајте ја и одредете ги нејзините својства (текстура, боја и густина). Запишете ги својствата кои ги забележувате на листот покрај примерокот од почвата. Потоа земете дел од почвата во рака и ставете малку вода, формирајте топче (во форма на бомбица) и оставете да се исуши. Што забележувате? Дали почвата е песоклива (која пропушта вода), Дали е глинеста (која не пропушта вода), Дали е тиња која е полупропустлива?
Сликајте се што ќе направите и пратете ми по mail.
No comments:
Post a Comment