Лекцијата Класификација на растенија ќе ја проследите на едукативната платформа Едуино на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=8PGpWiVryoI&feature=youtu.be
Активност 1:
Додека ја следите лекцијата внимателно направете план со најбитните поими и поделби на растенијата. Сликајте го планот од тетратка и пратете ми го на mail.
Активност 2: Набљудување на растенија
Пред да почнете со оваа активност да ве потсетам внимателно да ја проследите лекцијата на линкот и карактеристиките на растенијата според кои тие се класифицирани.
Потребно е да земете примероци од следниве растенија: мов, папрат, цветно растение ( пример сардела или некое друго кое го имате), трева, зимзелено растение (бор, ела).
Набљудувајте го секое растение на следниот начин и цртајте, забележувајте и одговарајте што се бара. Доколку имате лупа може да ја користите:
1. Мов - нацртајте го мовот што го гледате и обележете ги ливчињата и капсулите со спори.
Опишете ги листовите на растението мов.
Зошто растението мов создава спори?
Каде би очекувале да расте мовот?
2. Папрат - нацртајте го она што го гледате на долната страна на листот на папратот и означете го ливчињата и спорите.
Кои карактеристики се заеднички за мовот и папратот?
Како можете да ја кажете разликата помеѓу растението мов и папрат?
3. Цветно растение - нацртајте го цветното растение и обележете каде што се создава семето и жилите во листот.
Зошто некои цветови се светло обоени?
Зошто цветните растенија се наоѓаат речиси во секоја средина?
4. Трева - нацртајте ја тревата и означете го делот каде се создава семето.
Како се опрашува тревата?
5. Зимзелено растение - нацртајте го зимзеленото растение што го гледате и означете ги листовите и шишарките каде што се создава семето.
По што се разликуваат зимзелените од цветните растенија?
Како се адаптираат зимзелените листови за да заштедат вода?
Изработената активност за набљудување на растенијата може да ја изработите и во word, pdf, power point...со тоа што ќе ги вметнете сликите од цртежите во презентацијата и одговорите и забелешките.
Исто така може да се изработи и во тетратка или лист хартија со тоа што ќе ми испратите слики од изработеното.
No comments:
Post a Comment