Да се прочитаат различните животни средини од лекцијата во учебникот : за пустински, планински и водни живеалишта и како живите организми се адаптирани во нив.
Да се направи план за секое живеалиште посебно и адаптациите на организмите кон условите во одреденото живеалиште.
Домашна работа:
Да се направи детален опис на екосистемите кои се зададени подолу со слики и да се укаже на тоа како човекот треба да се адаптира за да преживее во секој од дадените екосистеми.
Зададени екосистеми:
Бушмани во африканска пустина
Нуркач во океан
Планинар на планински венец
Ескими на Арктикот
Tuesday, March 31, 2020
Тема:Живи суштества во нивни животни средини Лекција 1: Вовед во животни средини - 7 одделение
На почеток направете мисловна (умна мапа) на тема животна средина.
Обидете се да ја направите умната мапа преку следната веб страна. Се што е потребно е да одите на веб страната да се логирате, следете ги насоките и да изработите мапа со дадената тема:
https://coggle.it/
За учениците кои не се во можност да ја изработат електронски, да направат на лист хартија или во тетратка . На сликата имате пример како може да се изработи, но може да биде и начин на кој вие ќе ја замислите (бидете креативни)
Вовед во нашата животна средина:
https://www.youtube.com/watch?v=F3AH-h7619k&feature=youtu.be
Преку линкот проследете ја лекцијата за вовед во нашата животна средина,на крајот од видеото зададена е домашна задача (да се направи табела во која ќе се сумираат абиотички и биотички фактори и на кој начин влијаат тие врз организмите).
Линкови за абиотички и биотички фактори:
https://www.youtube.com/watch?v=xkghPN8j0aU
https://www.youtube.com/watch?v=fX31EymLQZQ

Thursday, March 26, 2020
Тема: Екологија Лекција: Адаптации -9 одделение!
На следните линкови преку платформата едуино се дадени лекциите за Адаптации и Адаптација кај животните.
Проследете ги внимателно и запишете ги запомнатите поими и забелешки во вид на план.
Во второто видео за адаптација кај животните, на крајот од лекцијата се задаваат активности за домашна. Изработете ги и пратете ми ги на mail.
Лекција 1:
https://www.youtube.com/watch?v=hjQRT8TTpbo&feature=youtu.be
Лекција 2:
https://www.youtube.com/watch?v=lMDKlS5vjA0&feature=youtu.be
Овие активности се за оваа недела (од 26.03.- 02.04.2020)

Tuesday, March 24, 2020
ТЕМА: Класификација Лекција: Групирање на живи организми- 8 одделение!
Живите организми можеме да ги групираме врз основа на:
-големина
-начин на исхрана
-место на живеење
-начин на движење
-градбата на клетка
-број на клетки од кои се изградени итн.
Системот на групирање на живите организми во 19 век го дал научникот Карл Лине. Хиерархиската класификација која и денес се користи е во 7 нивоа:
Царство----Тип------Класа-----Ред-----Фамилија-----Род------Вид
Најниското групирање е вид, а понатаму се оди постапно кон поголемите групирања се до царство.
Денес живите организми се поделени во 5 Царства:
1. Царство на монери (бактерии)
2. Царство на протисти
3. Царство на габи
4. Царство на растенија
5. Царство на животни
Царство на монери - бактерии
Тие се микроскопски, немаат вистинско јадро. Некои од нив се произведувачи (вршат фотосинтеза), а некои користат готова храна.
Предизвикуваат разни болести, но некои од нив се и корисни.
Царство на протисти- алги и праживотни
Праживотните (амеба,парамециум,еуглена) се едноклеточни оргазними и може да се видат под микроскоп. Во клетките имаат различни органели: јадро, вакуола за варење, вакуола за излачување и сл.
Алгите содржат хлорофил и вршат фотосинтеза, според оваа карактеристика личат на растенијата. Може да се најдат во разни бои (зелени, златно-жолти, црвени и кафеави) , живеат во разни водни површини.
Царство на габи
Габите се исхрануваат со готова органска храна и според исхраната спаѓаат во разградувачи. Во оваа група спаѓаат: печурки, мувли и квасец.Габите се неподвижно прицврстени за земјата и без хлорофил. Најголема група претставуваат почвените габи, други се паразити на животните или растенијата, трети се наоѓаат на органските отпадоци, производи, стакло и др.
Царство на растенија
Ова царство го сочинуваат сите видови на растенија: дрва, трева, цвеќиња и сл. Тие се карактеризираат со тоа што сами си создаваат храна преку фотосинтеза, со помош на светлина и вода. Бидејќи нив им се потребни само одредени услови, тие може да растат насекаде. Поделени се на : бессемени и семени растенија.
Царство на животни
Животните се повеќеклеточни организми кои се исхрануваат со готова храна-потрошувачи.
Живеат во сите животни средини- вода, копно и воздух. Според исхраната може да бидат тревојади, месојади и сештојади. Главно се поделени во две групи: без'рбетници и рбетници.
https://www.youtube.com/watch?v=ITjqf5CWJJo
Активности кои треба да се сработат:
Активност 1: Подолу на сликите се дадени примери од загрозени животни и растенија во Македонија. Ваша задача е на секој вид поединечно да одредите во кое царство и класа припаѓа. Со помош на дадените слики и видови, како и со групирањето во царство и класа од ваша страна да се изработи постер презентација (може електронски или на лист А4 формат).
Salmo letnica (охридска пастрмка) Lynx lynx martioni ( балкански рис)
Vipera ursinii (Остроглава шарка)
Rupicaprarupicapra balcanica ( балканска дивокоза)
Emys orbicularis (домашна езерска желка) Gyps fulvus (белоглав мршојадец)
Pinus peace (молика) Ramonda nathaliae ( виолетов цвет феникс)
Активност 2: Интересен начин за да се запомни класиикацијата Царство-Тип-Класа-Ред-Фамилија-Род-Вид. Со користење на првите букви од секоја група да се состави реченица.
Првите букви се: Ц, Т, К, Р, Ф, Р, В.
На пример: Црвениот трактор како ракета фрлаше распрскана вода.

Subscribe to:
Posts (Atom)
-
Живите организми можеме да ги групираме врз основа на: -големина -начин на исхрана -место на живеење -начин на движење -градбата на кле...
-
Без'рбетниците се животни кои немаат скелет ('рбет), изградени се од ткива и органи. Нивното латинско име е Invertebrata. Преку 90%...