Thursday, April 16, 2020

Продолжение на Лекција: Што е почва?- Почвен профил - 7 одделение

Почвен профил

Доколку ископаме доволно длабока дупка во почвата ќе забележиме дека има различни слоеви со различна боја и текстура.

Почвата е составена од неколку слоја или хоризонти:

  • Површински слој
  • Подповршински слој
  • Раздробен материјал
  • Матичен супстрат
Површински слој- на површината на почвата се создава дебела покривка од изумрени растителни органи, која во шумите се нарекува шумска простирка. 
Разградувачите ги рециклираат изумрените растенија и животни во хумус.

Длабок слој: овој слој е мешавина од минерални честички и малку хумус во врвниот дел.

Подповршински слој- е многу посиромашен со органски материи во споредба со површинскиот слој. Во овој слој се наоѓаат најголем дел од хранливите материи на почвата. 
Тука достигнуваат корењата на растенијата за да најдат вода. Водата ги носи надолу глината и минералните материи. 

Раздробен материјал- овој хоризонт се наоѓа најдолу и може да биде многу длабок. Тука воопшто нема органски материи. Тука исто така нема ниту живи, ниту изумрени организми. 
Овој слој изобилува со честички од карпи и е богат со минерали.

Матичен супстрат- на крајот има цврсти карпи кои претставуваат непроменета литосфера (земјина кора). Тоа е најдолниот слој кој е создаден пред почвата над него.  


Активност 1 за дома:
Во тетратката  направете краток план за почвен профил и нацртајте ја почвата и обележете ги слоевите.

Активност 2 за дома:
Докажување на слоевите на почвата: потребно е примерок од почва, стаклена тегла или шише, вода и капак. Во теглата или шишето ќе ставите вода и примерокот од почва, убаво ќе го затворите и ќе го протресете. Оставете го еден ден да стои. После тоа набљудувајте што се случило со почвата во теглата и забележете ги промените во тетратката. Сликајте се што ќе направите. На крај нацртајте ја теглата со почвата и водата како што ја гледате и обележете ги одвоените  деловите (слоеви).

Погледнете го видеото подолу и постапете според него:


No comments:

Post a Comment