Лекцијата Класификација на растенија ќе ја проследите на едукативната платформа Едуино на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=8PGpWiVryoI&feature=youtu.be
Активност 1:
Додека ја следите лекцијата внимателно направете план со најбитните поими и поделби на растенијата. Сликајте го планот од тетратка и пратете ми го на mail.
Активност 2: Набљудување на растенија
Пред да почнете со оваа активност да ве потсетам внимателно да ја проследите лекцијата на линкот и карактеристиките на растенијата според кои тие се класифицирани.
Потребно е да земете примероци од следниве растенија: мов, папрат, цветно растение ( пример сардела или некое друго кое го имате), трева, зимзелено растение (бор, ела).
Набљудувајте го секое растение на следниот начин и цртајте, забележувајте и одговарајте што се бара. Доколку имате лупа може да ја користите:
1. Мов - нацртајте го мовот што го гледате и обележете ги ливчињата и капсулите со спори.
Опишете ги листовите на растението мов.
Зошто растението мов создава спори?
Каде би очекувале да расте мовот?
2. Папрат - нацртајте го она што го гледате на долната страна на листот на папратот и означете го ливчињата и спорите.
Кои карактеристики се заеднички за мовот и папратот?
Како можете да ја кажете разликата помеѓу растението мов и папрат?
3. Цветно растение - нацртајте го цветното растение и обележете каде што се создава семето и жилите во листот.
Зошто некои цветови се светло обоени?
Зошто цветните растенија се наоѓаат речиси во секоја средина?
4. Трева - нацртајте ја тревата и означете го делот каде се создава семето.
Како се опрашува тревата?
5. Зимзелено растение - нацртајте го зимзеленото растение што го гледате и означете ги листовите и шишарките каде што се создава семето.
По што се разликуваат зимзелените од цветните растенија?
Како се адаптираат зимзелените листови за да заштедат вода?
Изработената активност за набљудување на растенијата може да ја изработите и во word, pdf, power point...со тоа што ќе ги вметнете сликите од цртежите во презентацијата и одговорите и забелешките.
Исто така може да се изработи и во тетратка или лист хартија со тоа што ќе ми испратите слики од изработеното.
Thursday, April 23, 2020
Wednesday, April 22, 2020
Светски ден на Земјата Планета!
Светскиот ден на Земјата се одбележува на 22 Април секоја година. Оваа година се одбележуваат 50 години од овој ден.
Неколку примери како вие би можеле да допринесете за овој ден во домашни услови:
1. Додека ги четкате забите сопрете ја чешмата да не тече вода.
2. Гасете ги светлата кога не сте во просторијата.
3. Денес направете оброк само од растителни производи.
4. Исчистете го фрижидерот од заостаната и неупотреблива храна.
5. Селектирајте го ѓубрето и фрлете го во означени канти за отпадоци.
6. Насадете некое растение.
Интересни факти: Дали знаевте?
- Еден тон рециклирана хартија може да спаси: 17 дрвја; 1438 литри масло; 4000 kw енергија; 27 000 литри вода
- Рециклирање на една алуминиумска конзерва заштедува енергија колку што е потребна за гледање телевизија 3 часа
Friday, April 17, 2020
Thursday, April 16, 2020
Продолжение на Лекција: Што е почва?- Почвен профил - 7 одделение
Почвен профил
Доколку ископаме доволно длабока дупка во почвата ќе забележиме дека има различни слоеви со различна боја и текстура.
Почвата е составена од неколку слоја или хоризонти:
Доколку ископаме доволно длабока дупка во почвата ќе забележиме дека има различни слоеви со различна боја и текстура.
Почвата е составена од неколку слоја или хоризонти:
- Површински слој
- Подповршински слој
- Раздробен материјал
- Матичен супстрат
Површински слој- на површината на почвата се создава дебела покривка од изумрени растителни органи, која во шумите се нарекува шумска простирка.
Разградувачите ги рециклираат изумрените растенија и животни во хумус.
Длабок слој: овој слој е мешавина од минерални честички и малку хумус во врвниот дел.
Подповршински слој- е многу посиромашен со органски материи во споредба со површинскиот слој. Во овој слој се наоѓаат најголем дел од хранливите материи на почвата.
Тука достигнуваат корењата на растенијата за да најдат вода. Водата ги носи надолу глината и минералните материи.
Раздробен материјал- овој хоризонт се наоѓа најдолу и може да биде многу длабок. Тука воопшто нема органски материи. Тука исто така нема ниту живи, ниту изумрени организми.
Овој слој изобилува со честички од карпи и е богат со минерали.
Матичен супстрат- на крајот има цврсти карпи кои претставуваат непроменета литосфера (земјина кора). Тоа е најдолниот слој кој е создаден пред почвата над него.
Активност 1 за дома:
Во тетратката направете краток план за почвен профил и нацртајте ја почвата и обележете ги слоевите.
Активност 2 за дома:
Докажување на слоевите на почвата: потребно е примерок од почва, стаклена тегла или шише, вода и капак. Во теглата или шишето ќе ставите вода и примерокот од почва, убаво ќе го затворите и ќе го протресете. Оставете го еден ден да стои. После тоа набљудувајте што се случило со почвата во теглата и забележете ги промените во тетратката. Сликајте се што ќе направите. На крај нацртајте ја теглата со почвата и водата како што ја гледате и обележете ги одвоените деловите (слоеви).
Погледнете го видеото подолу и постапете според него:
Wednesday, April 15, 2020
Лекција: Разградувачи (сапрофаги) - 9 одделение
Лекцијата Разградувачи (сапрофаги ) ќе ја проследите на следниот линк преку платформата Едуино:
https://www.youtube.com/watch?v=G7dAc9FZonU&feature=youtu.be
Активност 1
Додека ја следите лекцијата преку видеото во тетратките ќе изработите план по следниот редослед:
1. Да го претставите синџирот на исхрана
2.Да ја изработите табелата која ви се задава во видеото за отпадни материи кои се рециклираат и отпадни материи од органско потекло кои може да се распаднат (објаснето е на кој начин)
3.Да се одговори на прашањата:
-Што се случува со мртвите органзими и отпадните материи што ги создаваат тие?
-Што се случува со отпадот од органско потекло? (следете го видеото внимателно и ќе дојдете до одговорот)
4.Услови кои го забрзуваат распаѓањето: ....
Како се исхрануваат разградувачите?.....
5.Значење на разградувачите.....
Активност 2
На следното видео е претставено распаѓање на храна, одгледајте го и одговорете што сте забележале кои продукти најпрво се распаѓаат, а кои последни и зошто е тоа така?
https://www.youtube.com/watch?v=c0En-_BVbGc&t=14s
Активност 3
На крајот на видеото од лекцијата имате активност: Разградување на овошје - детално ви е објаснето како треба да ја спроведете. Оваа активност ќе ми ја испратите изработена во целост во зависност од времето за кое ќе биде потребно(ден, недела,две недели...), со фотографии и забелешки.
Дополнителни видеа:
Распаѓање на стаорец:
https://www.youtube.com/watch?v=WYzBUYYu9Cw
Распаѓање на зајак:
https://www.youtube.com/watch?v=tCrJADytOw0

Saturday, April 11, 2020
Активности за без'рбетници- 8 одделение
Подолу се дадени фотографии со претставници од без'рбетници и одредени карактеристики. Потребно е да изработите постер така што секој претставник од сликата ќе го поврзете со соодветниот текст кој одговара за него, а ќе ја одредите и класата или групата во која припаѓа.
1.
- Тело како желе
- Пипала
- Шупливо тело
2.
- Сплескано тело
- Нема сегменти (делови) на телото
3.
- Цилиндрично тело
- Сегменти (делови) на телото
4.
- Меко тело
- Мускулно стапало
- Оклоп (куќичка)
5.
- Има нозе
- Има 6 нозе
- Тело од три дела
6.
- Има нозе
- Има 8 нозе
- Тело од два дела
7.
- Има нозе
- Има жабри и антени
8.
- Има нозе
- Има многу сегменти (делови)
- Барем еден пар нозе на секој дел од телото
Лекција: Класификација на без'рбетниците - 8 одделение
Без'рбетниците се животни кои немаат скелет ('рбет), изградени се од ткива и органи. Нивното латинско име е Invertebrata.
Преку 90% од видовите се без'рбетници. Во оваа група спаѓаат:
Преку 90% од видовите се без'рбетници. Во оваа група спаѓаат:
- Сунѓери
- Копривкари (мешести организми)
- Црви
- Мекотели
- Иглокожи
- Членконоги
- Пајаковидни животни
Сунѓери - се наједноставно градени многуклеточни животни. Водат прикрепен начин на живот, на дното од морињата или слатките води. Телото им е изградено од надворешен слој (ектодерм) и внатрешен слој (ендодерм). Тие се просто градени организми (без ткива и органи).
Копривкари (мешести организми) - имаат пехареста форма и зрачно поставени пипала околу устата. Тие се посложени животни кои се изградени од ткива (епително, мускулно и сетилно).
Во оваа група познати се околу 9 илјади претставници, од кои најпознати се: медузите и коралите.
Црви - имаат тенко, издолжено и меко тело, покриено со еднослоен епител, а заштитено со кутикула. Под кутикулата има мускулно ткиво со чија помош се движи. Потоа следува телесна празнина во која се сместени органите.
Најпознати групи на црви се: прстенести (дождовен црв) и плочести (планарија и тении).
Мекотели - имаат меко и нежно тело по што го добиле своето име. Телото им е поделено на три дела : глава (уста и сетилни органи), труп (внатрешни органи) и стапало (орган за движење) Познати претставници се: полжави , школки и главоноги(октопод).
Иглокожи - се морски животни. Телото им е покриено со тенка кожичка, под која се наоѓа варовнички скелет преку кој на површината на телото излегуваат иглички. Поради игличките оваа класа го добила и името иглокожи. Се движат со помош игличките (боцките) и со таканаречени амбулакларни ноџиња (водни ноџиња).
Познати претставници се: морски еж и морска ѕвезда.
Членконоги - името го добиле според телото кое им е членковидно. Нозете им се составено од членчиња кои се зглобно поврзани, на тој начин се движат. Телото им е заштитено со тенка обвивка наречена хитин. Претставници на членконогите се ракови и инсекти.
Пајаковидни животни - во оваа група спаѓаат: пајаци, крлежи и шкорпии.
Пајаците живеат во станбени простори, крлежите паразитираат во животните и шкорпиите во сушни предели.
Некои од нив се и отровни. Најпознат отровен пајак е тарантула.
Wednesday, April 8, 2020
Лекција: Што е почва? - 7 одделение
Што е почва?
Почва претставува површински слој на Земјината кора.
Почвата содржи мешавина од органска материја (изумрени растенија и животни) и искршени парчиња од карпи и минерали, а исто така и вода и воздух.
Како е создадена почвата?
Почвата е формирана низ долг период на времето под дејство на многу фактори. Може да е потребно и илјада години за да се создаде само 2,5 сантиметри на почва. Покрај времето, други фактори кои помагаат да се формира почвата се:
Често почвата се опишува како нечистотија, нешто од што сакаме да се ослободиме.Меѓутоа почвата игра многу важна улога во одржување на животот на Земјата.
Почвата може да се опише преку користење на неколку карактеристики како што се текстура, структура, густина, температура, боја, конзистентност и порозност (пропустливост). Едно од поважните својства на почвата е нејзината текстурата. Преку текстурата може да се одреди дали почвата е во вид на песок, глина или тиња.
Активност за дома
Земете неколку примероци од почва која може да ја најдете во вашата близина (околу зграда, тротоар, двор..). Ставете ја на лист хартија, набљудувајте ја и одредете ги нејзините својства (текстура, боја и густина). Запишете ги својствата кои ги забележувате на листот покрај примерокот од почвата. Потоа земете дел од почвата во рака и ставете малку вода, формирајте топче (во форма на бомбица) и оставете да се исуши. Што забележувате? Дали почвата е песоклива (која пропушта вода), Дали е глинеста (која не пропушта вода), Дали е тиња која е полупропустлива?
Сликајте се што ќе направите и пратете ми по mail.

- Живите организми-како што се растенијата, габите, животните и бактериите.
- Топографија-ова го сочинува релјефот или наклон на површината на земјиштето каде се формира почвата.
- Климата - целосно климата и временските услови.
- Основниот материјал - го сочинуваат минерали и карпи кои полека се распаѓаат и формираат почва.
Често почвата се опишува како нечистотија, нешто од што сакаме да се ослободиме.Меѓутоа почвата игра многу важна улога во одржување на животот на Земјата.
- Растенија - на растенијата им е потребна почвата како за растење, така и за потпора.
- Атмосфера - почвата влијае на атмосферата преку испуштањето на гасови како што е јаглерод диоксид во воздуот.
- Живи органзими - многу животни, габи и бактерии живеат во почвата.
- Вода - почвата помага во филтрирање и прочистување на водата.
Почвата може да се опише преку користење на неколку карактеристики како што се текстура, структура, густина, температура, боја, конзистентност и порозност (пропустливост). Едно од поважните својства на почвата е нејзината текстурата. Преку текстурата може да се одреди дали почвата е во вид на песок, глина или тиња.
Активност за дома
Земете неколку примероци од почва која може да ја најдете во вашата близина (околу зграда, тротоар, двор..). Ставете ја на лист хартија, набљудувајте ја и одредете ги нејзините својства (текстура, боја и густина). Запишете ги својствата кои ги забележувате на листот покрај примерокот од почвата. Потоа земете дел од почвата во рака и ставете малку вода, формирајте топче (во форма на бомбица) и оставете да се исуши. Што забележувате? Дали почвата е песоклива (која пропушта вода), Дали е глинеста (која не пропушта вода), Дали е тиња која е полупропустлива?
Сликајте се што ќе направите и пратете ми по mail.
Изработка на презентација: Адаптации кај животни и растенија!- 9 одд.
Да се изработат презентации за адаптации кај едно животно и едно растение по избор од следниве примери:
Животни:
пингвини, пчели, мравки, кенгурест стаорец, црна мечка, албатрос итн. (може и по ваш избор)
Растенија:
кактус, воден крин, венерина муволовка, крајбрежна трева, ноќна орхидеја (Phalaenopsis) итн. (може и по ваш избор)
Адаптациите треба да вклучуваат адаптации на однесувањето и/или адаптации на градбата и функцијата на органите.
Можни области кои би можеле да се истражуваат
вклучуваат адаптации кои му помагаат на организмот:
·
да врши фотосинтеза (растенија) или да најде храна
(животни)
·
да избегне да биде изеден
·
полово да се размножува
·
да најде соодветно живеалиште
·
да преживее во живеалиште.
Thursday, April 2, 2020
Тема: Класификација Лекција: Класификација на 'рбетници - 8 одделение
Оваа лекција ќе ја проследите на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=BXhTB8SwXFI&feature=youtu.be
Внимателно проследете го видеото и лекцијата. На почетокот од лекцијата ви се задава задача да наброите 10 животни од вашата ликална средина и да направите табела според објаснувањето.
Потоа во тетратката за секоја класа ќе направите план.
На крај ќе направите проверка на табелите и ќе ги доработите според објаснувањето во видеото. И ова ќе ми го испратите.
За домашна треба да се сработи следното: Да ги изработите табелата за 'рбетници и концептната мапа според зададените примери:
Subscribe to:
Posts (Atom)
-
Живите организми можеме да ги групираме врз основа на: -големина -начин на исхрана -место на живеење -начин на движење -градбата на кле...
-
Без'рбетниците се животни кои немаат скелет ('рбет), изградени се од ткива и органи. Нивното латинско име е Invertebrata. Преку 90%...